Заев ги промовираше даночните мерки на СДСМ
Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска ги презентираше новите мерки на даночната политика кои ги содржи програмата на СДСМ. Тоа се праведен данок на доход, ослободување од плаќање данок, развоен данок и праведен данок на имот.
– Мерките ќе придонесат за праведна распределба на доходот и богатството во нашата земја и враќање на средната класа во општеството, рече Заев. Тој очекува претставниците на Владата да прифатат суштинска дебата за предлозите.
СДСМ на пример предлага за вкупен годишен приход на секој граѓанин до 720.000 денари, или околу 12.000 евра, персоналниот данок на доход да се плаќа по стапка од 9 проценти, а над таа сума 18 проценти.
– Тоа значи дека повеќе од 80 проценти од граѓаните ќе плаќаат помал данок од досегашниот, а само најбогатите ќе плаќат повеќе, рече Заев.