Поповски: Обилни врнежи во Македонија се до попладневините часови

Објавено на 27 октомври, 2025 во 08:10

„Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на силен циклонски систем со центар над Џенова и истиот условува, во утринските часови на денешниот ден да имаме обилни врнежи насекаде додека најобилни количини на дожд врнат во западните предели на државата.

Повремено дува засилен до силен ветер од западен и од југозападен правец кој е најизразен во западните предели каде има  и локална појава на грмежи.

Врнежите ќе продолжат во текот на денешното претпладне, локално ќе бидат обилни и поројни како и проследени со појава на грмежи се до попладневните часови кога очекувам да престанат особено во Повардарието каде ветерот ќе го промени својот правец во северен во северозападен, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.