Поповски: Од 8 јули многу ладен Атмосферски фронт од северозапад се спушта во Европа!

„На многу топлото време со многу високи температури на воздухот, и тоа поради многу топлиот бран со потекло од југ, односно од Африка кој зафаќа најголем дел од Европа му се гледа крајот. Следи многу ладeн Атмосферски фронт кој од 8 јули, вторник, од северозапад ќе се спушти и ќе го зафати целиот Европски Континент, секако влучувајќи го Балканот и Македонија.
Ладниот атмосферски фронт ќе донесе температури пониски од сегашните дури и за повеќе од 15 степени низ Европа и Балканот. Ова ќе услови и многу поврнежливо време со чести временски непогоди. Поради заладувањето, во Алпскиот регион ќе има и пообилни врнежи од снег и формирање на снежна покривка.
Временски непогоди од 8 јули, вторник, го очекуваат и регионот.
Во Македонија, во недела, 6 јули, во попладневните часови, ќе има локален развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме со град.
Значително освежување на времето и голем пад на температурите на воздухот, проследено со засилен ветер од северен правец од средината на следната седмица, како што погоре наведов следува и во државата,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк
