Поповски предупредува: Следуваат бурни атмосферски процеси, можни се поројни поплави!

„Плиткиот циклонски систем кој се наоѓа над Туренско Море, во текот на денешниот ден, петок, 20 јуни, полека ќе се поместува источно и југоисточно, односно кон Јонското Море. Тому ова ќе услови ново поголемо дестабилизирање на атмосферата во Македонија и формирање на фронтални влажни бранови. Во ваква ситуација, денеска, на многу места во државата ќе се развиваат грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилноста,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.
Тој додава дека локално пак ќе има појава на нови временски непогоди, проследени со обилен пороен дожд кој може да услови нови локални поројни поплавувања, олуен ветер, силни електрични празнења и појава на град кој би можел да биде крупен.
„ И во делови од Скопскиот регион денеска ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и со услови за појава на ново невреме.
Температурите нема многу да се менуваат во споредба од оние кои ги имавме изминатите денови.
Апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, граѓаните да обратат поголемо внимание, односно да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните да не ги оставаат своите автомобили во близина на дрвјата,особено не до и под старите и осамените.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/“, додава Поповски.
Дума.мк
