Поповски: Топлиот бран во Македонија продолжува се до крајот на оваа недела!

Објавено на 3 јули, 2025 во 08:45

„Топлиот бран од Африка кој зафати голем дел од Европа, цели региони, како и Македонија, ќе продолжи се до крајот на оваа недела, и истиот ќе придонесе  и понатаму да имаме многу топло време со висока вредност од 9 на Ув индексот.

Сепак, во недела, 6 јули, во попладневните часови ќе има појава на изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, но и услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 41 степен. И во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 40/41 степен.

Апелирам, поради многу топлото време, но и поради високата вредност на Ув индексот, граѓаните, особено оние повозрасните, без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, од 11 до 17 часот,како и да пијат повеќе течности,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.