Православен календар: Празник на Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј
Објавено на 23 ноември, 2023 во 08:27
Сите беа од Седумдесетте апостоли. Последните тројца се прославуваат и на друг датум, и тоа: Родион на 8 април, Сосипатар на 28 април, а Терциј на 30 октомври. Светите Олимп и Родион беа следбеници на апостолот Петар и кога тој пострада пострадаа и тие, на заповед од Нерон беа обезглавени. Ераст беше најпрво економ на Црквата во Јерусалим, а потоа епископ во Панеада Палестинска. Кварт беше епископ во Бејрут, многу страдаше, но и многумина ги приведе кон Христовата вера. Сосипатар беше епископ во Иконија, а Терциј беше втор епископ во истата таа Иконија. Духовно војуваа, станаа победници и зедоа венци на невенлива слава.
Дума.мк