Православен календар: Се празнува Светиот маченик Валериј
Објавено на 20 ноември, 2023 во 08:12
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/11/валериј-e1637333459136.jpg)
Светиот маченик Валериј пострада заедно со уште 32 други маченици, во Ерменскиот град Митилина, во времето на прогонот на императорот Диоклецијан, во 298 година. Императорите беа усрдни поклоници на идолите и гонители на христијаните. Кога до нивните уши дојде веста дека жителите на Ерменија и Кападокија, и покрај заповедите на императорот, одбиваат да им се поклонат на идолите, тогаш тие пратија двајца лукави и предадени на идолопоклонството војници, да ги истребат сите христијани таму. Пратените војници точно ја исполнија волјата на императорот и ги казнија сите христијани што ги најдоа, отсекувајќи им ги главите. Помеѓу мачениците беше и светиот Валериј.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)