Православен календар: Се празнува Светиот великомаченик Георгиј

Објавено на 16 ноември, 2023 во 07:58

На овој ден се празнува преносот на моштите на свети Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април. Пред смртта, свети Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи. Во времето на царот Константин, во Лида, побожните христијани му изградија на свети Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на светиот великомаченик Георгиј се случија големи чуда.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.