Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет
Објавено на 28 февруари, 2023 во 09:30

Времето денеска ќе биде претежно облачно. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
До крајот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има денес од попладне и преку ноќта кон среда, а потоа и на крајот од работната седмица.
Дума.мк
