Претежно сончево и топло време со максимална температура до 35 степени
Објавено: 10 јули, 2023, во 09:25 часот
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Како што информираат од УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер, а наместа дожд. Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 20, а максималната од 24 до 35 степени Целсиусови. УВ-индексот ќе изнесува девет.
Од УХМР најавуваат период на стабилно, суво и многу топло време со значителен пораст на температурата.
Дума.мк


