Променливо облачно со дожд
Објавено: 27 февруари, 2023, во 09:35 часот
Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утре пак, претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Под влијание на циклонска активност во текот на следнава седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Утре локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи.
Дума.мк


