Променливо облачно со локални врнежи од дожд
Објавено: 21 ноември, 2022, во 09:20 часот
Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Попладне на повеќе места со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен и северозападен правец.
Утре ќе дува засилен до силен ветер од југоисточен правец, а кон крајот на денот и во среда претпладне се очекуваат нови врнежи од дожд.
Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со подолги сончеви периоди.



