Променливо облачно време со сончеви периоди
Објавено на 12 април, 2023 во 09:30

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната утринска температура ќе се движи во интервал од 0 до 8 степени, а дневната од 9 до 20 степени.
Утре во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 24 степени.
Дума.мк
