Први и втори Мај со променливо и ладно време, локален дожд и планински снег
Објавено: 1 мај, 2026, во 08:59 часот
„Територијата на Македонија, денеска, петок 1-ви и утре, сабота 2-ри Мај,ќе се наоѓа под влијание на ладна воздушна маса која се спушта директно од Арктикот до нашиот дел од Европскиот Континент. Во ваква ситуација времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд а на планините со надморска височина од над 1500/1600 метри ќе провејува снег. Исто така ќе има услови и за ретка појава на грмежи.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец и температурите ќе бидат значително пониски од просечните, за 10 до 15 степени.
И во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и значително свежо со сончеви периоди и со повремено засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за повремен дожд.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 6 степени па така особено на повисоките населени места и на планините ќе има појава на утрински мразеви.

Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 1 и 5 степени а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 17 степени, соопшти метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Дума.мк



