Рентген снимки ќе се читаат и онлајн

Објавено на 31 мај, 2023 во 15:13

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска најави дека рентген снимки ќе се читаат и онлајн. Како што појасни тој, во одреден град има доктор што чита дневно еден ренген на една рака или нога, но сега натаму нема да биде така. Сите ќе бидат вклучени онлајн и ќе има ограничен број колку дневно да си ја изработи платата, колку треба да прочита.

-Над тој број и дома нашите радиолози почитувани ако сакаат за повеќе финансиски примања, ќе имаат можност да прочитаат со цел да не се чека толку долго, додава Меџити.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече ќе треба време за ова.

-Ќе ни треба поддршка и од вас новинарите и од медиумските куќи, но ние сме тука да почнеме да ги решаваме проблемите, нагласи Меџити, зборувајќи и за дијагностицирањето.

Тој нагласи дека работи напорно со целиот тим.

-Проблемот е во систематизацијата и во реорганизацијата. Во Клиничкиот кадар ќе повторам имаме доволно кадар и здравствени работници и сестри. Знаете дека ние прво треба да ја средиме примарната здравствена заштита, тука треба да направиме голем пресек. Ова не се прави за еден ден, два, ќе треба повеќе време, можеби и години, но, ние мора да започнеме работите да се движат композитивно и јас тука имам и мој предлог, моја визија и работиме и на тоа, имаме формирано група, на дигитализација на радиологија низ држава, а тоа подразбира централизација на радиологијата, појасни министерот.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.