РСБСП: Возете внимателно и одговорно во зимскиот период
Објавено на 24 јануари, 2023 во 12:04
Републички совет за безбедност на сообраќај на патиштата апелира на внимателно возење во услови на врнежи од снег и ниски температури, а да се внимава и во услови кога врне и е намалена видливоста на патиштата.
– Во возилото секогаш носете зимска опрема, секогаш добро исчистете го возилото од снежните наноси. Проверете го антифризот, притисокот на гумите, течноста за ветробранско стакло, користете зимски гуми. Исчистете го снегот од вашите обувки за да се избегне лизгање при притискање на педалите од возилото, возете внимателно со намалена брзина, одржувајте растојание од други возила и избегнувајте нагло сопирање и нагли задвижувања на воланот, советува РСБСП.
Дума.мк