Се намалуваат цените на горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,58 % во однос на Одлуката од 16.8.2021 година.
-Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 денар/литар.
Намалување од 0,50 денар/литар има кај малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,751денар/килограм и сега ќе изнесува 35,930 ден/кг.
Од 24.8.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 72,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 61,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 61,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 35,930 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 3,794%, дизелот за 2,287%, екстра лесното масло за 2,886% и кај мазутот намалувањето е за 2,781%.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,043% , соопштија од РКЕ.