Се смирува четвртиот ковид бран, активни 2.871 случај во државава

Објавено на 7 март, 2022 во 09:55

Продолжува трендот на намалување на бројот на активни ковид случаи, поради што надлежните очекуваат стабилизација на епидемиолошката ситуација во државата. Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, во државава активни се 2.871 случај од кои најголем број 1546 се во Скопје.

При направени 2.365 тестови, регистрирани се 223 нови случаи на ковид-19, од кои 37 реинфекции, тројца починати и 174 оздравени пациенти.

Главниот координативен кризен штаб и Владата треба да се произнесат околу препораката на Комисијата за заразни болести да се укинат сертификатите задолжителни за влез во моловите, онаму каде не е задолжително носењето маски, како и околу препораката за укинување на задолжително поседување негативен ПЦР тест, потврда за прележаност или сертификат за вакцинација при излез од нашата држава, како и укинување на ослободувањето од работа за бремените жени.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 299.642, бројот на оздравени пациенти е 287.692, а на починати е 9.079.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.