Седмиот филм на Милчо Манчевски: „Кајмак“ премиерно прикажан пред македонската публика

Објавено на 23 ноември, 2022 во 13:24

Македонската премиера на „Кајмак“, седмиот филм на реномираниот режисер Милчо Манчевски, се случи вчера, на 16 ноември, во Македонската филхармонија.

Бројни личности од политичката и јавната сцена продефилираа на црвениот килим, а љубителите на домашната кинематографија имаа можност први да го изгледаат новото филмско достигнување на Манчевски.

Бројни личности од политичката и јавната сцена продефилираа на црвениот килим, а љубителите на домашната кинематографија имаа можност први да го изгледаат новото филмско достигнување на Манчевски.

„Кајмак“ е црна комедија, или среќна трагедија, за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода.

Киноприкажувањето низ Македонија започнува денес, 17 ноември, и е закажано во Гостивар, Пробиштип, Делчево, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Виница, Крушево, Струмица, Македонска Каменица, Тетово, Дебар, Берово, Неготино, Богданци, Кратово, Радовиш, Струга, Кичево, Охрид, Свети Николе, Прилеп и Штип. Премиерата во Битола и Гевгелија е закажана за 23 ноември.

Во Скопје, филмот ќе игра во кината на Синеплекс и Милениум.

По сценарио и режија на Манчевски, во филмот играат: Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.