„Сите сме Јана“- битолчани утре излегуваат на голем протест на Магнолија

Објавено на 28 март, 2023 во 13:36
Фото: Апла.мк

„Сите сме Јана“ битолчани утре под ова мото излегуваат на голем протест за прераната смрт на шест годишното девојче Јана Христовска од битолско Кравари кое минатата недела почина во Битолската клиничка болница по примена инфузија, објави Апла.мк.

Протестот е закажан за 19 часот на плоштадот „Магнолија“ во Битола, а организатори се семејството, роднините и пријателите на семејството Христовски.  

Додека се чека извештајот од обдукцијата која треба да ги даде точните одговори како и поради што настапила смртта кај малата Јана, роднините на семејството Христовски  имаат една цел да го свртат вниманието за состојбите во македонското здравство.

„Го чекаме последниот збор од Битолското обвинителство за смртта на Јана. Обдукцијата мора да ја даде вистина а тоа ќе значи дека родителите на Јана ја кажаа вистината и реалната слика за смртта на нивното девојче. Вината никако не смее да се фрли кон родителите, туку да се бара одговорност на вистинската врата. Мора да се каже вистината за македонското  здравство. За лекувањето, за третманот на пациентите, за немањето на лекови и здравствени работници, за немање на апарати и се што значи квалитетно здравство.  Ако му случи ова на едно 5 годишно  дете, тогаш што е со хроничните болни, со постарите лица со дијагноза, каква здравствена заштита ќе добијат тие“, вели Игор Петковски од Битола, кум на малата Јана, организатор на протестот. Засега протестот се најавува само за во Битола, но не е исклучена можноста, протести да се организираат и во други градови.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.