Сончево и многу топло со максимална температура до 39 степени
Објавено на 22 август, 2023 во 09:18

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Од УХМР најавуваат дека попладне ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен, а максималната ќе достигне 39 степени.
Дума.мк
