Сончево и релативно топло, од утре облачно со врнежи од дожд
Објавено на 21 февруари, 2022 во 09:32

Времето денеска сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во западните делови повремено ќе биде значително облачно и ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен и јужен правец, кој попладне на места ќе засилува.
Под влијание на студена воздушна маса утре ќе биде облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе се задржи до четврток, а температурата значително ќе се намали и ќе остане пониска и во следните денови.
