Сончево и топло, од утре врнежи од дожд

Објавено на 15 април, 2022 во 09:33

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре ќе има зголемена облачност, а кон крајот на денот и локални врнежи од дожд.

Под влијание на влажна и студена воздушна маса во недела и понеделник времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, особено во јужните и источните делови. Дневната температура ќе се намали за повеќе од 10 степени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.