Сончево и топло време

Објавено: 7 јули, 2023, во 09:27 часот

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 21, а максималната од 24 до 34 степени Целсиусови. УВ-индексот ќе изнесува осум.

Стабилно, во деновите од викендот со засилен, долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 километри на час) што ќе услови намалување на дневната температура. Од понеделник дневните температури ќе бидат во значителен пораст.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.