Сончево и топло време, од утре нестабилно со врнежи од дожд

Објавено на 7 јули, 2022 во 09:18

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 9.

Под влијание на влажен бран утре и во сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 20 л/м2) и значителен пад на температурата. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, појава на град и засилен ветер.

Во недела ќе има повремени врнежи од дожд, а од понеделник ќе биде постабилно со постепен пораст на дневните температури.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.