Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер
Објавено на 19 октомври, 2023 во 09:14

Времето денеска ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена облачност поголема во источните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени.
До сабота попладне ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Утре и особено во сабота ќе дува засилен југоисточен ветер кој ќе предизвика значителен пораст на утринската и дневната температура. Од сабота од вечерните часови, преку ноќта и во недела претежно во западните делови од земјата ќе има појава на повремен дожд, краткотрајно пороен и со услови за појава на ретки грмежи.
Дума.мк
