Сончево време со ниски утрински температури
Објавено: 6 октомври, 2022, во 09:19 часот
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Од сабота по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Во следните денови утринските температури ќе бидат ниски и наместа ќе бидат околу нула степени.


