Сончево време со умерена облачност, од утре дожд
Објавено на 10 октомври, 2022 во 09:16
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Од вторник до крајот на работната седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утринските температури ќе бидат повисоки, а дневните ќе бидат во опаѓање.