Сончево време, за викенд облачно со врнежи од дожд
Објавено на 3 ноември, 2022 во 09:27
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, особено долж Поварадрието.И утре ќе се задржи стабилно време. Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2). Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, а дневната температуара значително ќе се намали.