Српската влада намали цени на 700 прехрамбени производи, македонските граѓани коментираат ,,од утре на пазар во Врање“
Од 1 септември до крајот на октомври граѓаните на Србија ќе можат да купат 81 категории на производи во 2.500 продавници во рамки на кампањата „Најдобра цена“, во која што се вклучени 700 прехранбени производи и средства за хигиена по цени што се поповолни од актуелните. Во кампањата се опфатени производи како што се месо, млеко, јаболка, кромид, кафе, риба, средства за хигиена и други коишто во просек ќе поевтинат за 26,82 отсто, а домаќинствата ќе можат да заштедат месечно од 8.000 до 22.000 динари, пишува српски „Новости“.
На пример вреќа прашок со тежина од 5,4 килограми наместо 3.324,99 ќе се продава за 1.399,99 динари. Ако цената на овој производ се претвори во денари тогаш 5,4 килограми прашок ќе може да се купи за 700 денари.
Исто е и со останатите производи кои и за просечното македонско семејство ќе бидат многу поефтини.
На пример мелни пелените за деца, наместо 2.029,99 динари ќе се продаваат за 1.299,00 динари или за 500 македонски денари, киселото млеко кое од 30 динари ќе поефтини на 27 динари односно 13,5 денари, пресованата шунка од 1.199,99 на 799,99 динари или 400 денари, шунка во цревата од 829,99 на 599,99 поточно 300 денари. Потоа легендарниот паризерот од 439,99 на 299,99 динари или 150 денари, компирот од 84,99 на 59,99 динари односно 30 денари, цената на грашокот од 180 на 150 динари или 75 денари, срењето од 899,99 на 689,99 динари односно 344 денари. Овие производи, кои се опфатени со кампањата, ги посочи премиерот на Србија Милош Вучевиќ. Тој одржа прес конференција на којашто ја промовираше кампањата со која, како што нагласи, за владата претставувала израз на грижа и помош на граѓаните.
На социјалните мрежи ги има првите коментари на македонските граѓани, чии коментари генерализирано значат„ од утре на пазарување сите во Врање “, најверојатно поради близината на овој град во Србија со Македонија.
Дума.мк