Унгарските студенти на протест!

Објавено на 8 јануари, 2013 во 18:01

 

Илјадници унгарски студенти кои се противат на реформата на високото образование од владата на Виктор Орбан бараат да ги исполни сите нивни барања до 11 февруари, годинава. Студентите бараат владата да се откаже од намалувањето на квотите за бесплатно студирање и да се укине обврската за останување во земјата за студентите кои дипломираат на државните универзитети. Исто така студентите бараат да бидат вклучени во одлучувањето за реформите во високото образование, како и повеќе пари од буџетот за државното високо образование.

 

Обединети во организација наречена „Форум за преговори за високо образование“, студентите заедно со професорите и синдикатот во образованието, бараат премиерот Орбан да седне на преговори околу отворените прашања. Тие го обвинуваат премиерот дека преговара еден на еден со професори или одделни студентски лидери, што според нив е политика во стилот „подели па владеј“.

Доколку Владата не преземе конкретни чекори за исполнување на нивните барања, студентите најавуваат дека ќе продолжат со протестите на 11- ти наредниот месец .

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.