Снег ја завеа Хрватска!

Објавено на 14 јануари, 2013 во 11:22

Веќе втор ден паѓа снег на територијата на Хрватска, а метеоролозите прогнозираат снежни врнежи и понатаму.

Според информациите на Хрватскиот хидрометеоролошки завод, најмногу снег, дури 58 сантиметри паднал во Бегово Раздолје, додека во Огулин веќе има 53 сантиметри снег. Пет сантиметри помалку навеало во Делнице, а во Загреб има дури 40 сантиметри снег.

Се очекува дека во Лика и Горски Котор би можел да паднат до 40 сантиметри нов снег, а во северозападните делови на земјата од 15 до 20 сантиметри. Во текот на денот, во поладневните часови, се очекува во средна Хрватска снегот да премине во дожд и да се појави голомразица. Па затоа возачите се веќе преупредени да ја користат зимската опрема и да ја прилагодат брзината и возењето на состојбата патиштата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.