Верниците поитаа кон Ватикан!
Повеќе од 150.000 верници од целиот свет се очекуваат во недела во Ватикан на традиционалното обраќање на папата Бенедикт XVI од прозорец на Апостолската палата, јавува Б92.
Тоа ќе биде и една од последните средби со овој папа на верниците и свештенството во Рим, бидејќи точно во 20 часот на 28 февруари со хеликоптер ќе замине во папската летна резиденција. Ова значи прво самоиницијативно пензионирање на папа во последните осумстотини години.
Сеуште точно не е одлучено кога ќе се одржи конклавата и ќе се избере новиот папа, а не е исклучено тоа да биде и пред 15 март. Покана да дојдат во Ватикан била испраен на 118 кардинали од целиот свет, но протоколот не открива кога ќе започне конклавата.
Папата наводно одлучил на 17 декември да поднесе оставка откако го примил последниот извештај кој се однесувал на аферата со кражба на документи од Ватикан. / А.Д
Извор: Б92
