Гори највисокиот облакодер во Чеченија!

Објавено на 3 април, 2013 во 17:57

Во пламен е најлуксузниот хотел во градот Грозни, во Чеченија.

За среќа, сите гости и вработени успеале навремено да избегаат од запалениот хотел со пет ѕвездички, пренесува “Russia Today”.

Пожарот избувнал околу 18 часот по локално време, а социјалните мрежи за кратко време биле преплавени со фотографии од облакодерот во пламенот.

Пожарот најпрво се појавил помеѓу 4-от и 5-от кат, меѓутоа огнената стихија за кратко време се проширила низ останатите катови.

Облакодерот е дел од комплексот “Grozny City” во истоимениот град во Република Чеченија на југот од Русија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.