Французинот заразен со вирус кој наликува на САРС сеуште во тешка состојба!
Објавено на 9 мај, 2013 во 21:57
Здравствената состојба на 65 годишниот французин кој е прв случај на зараза со САРС во Франција се оценува како стабилна, но сеуште како мошне сериозна.
Вирусот во Франција го донел од Блискиот Исток. Неодамна тој се вратил од Соединетите Арапски Емирати, објавило министерството за здравство.
Министерството соопштило дека покренало истрага. Се работи за вирус од кој во светот од септември досега биле заболени 30 лица, а починале 18.
Телеграф.рс / Танјуг
