Грчките просветни работници најавија штрајк!

Објавено на 11 мај, 2013 во 09:33

За да го искаже своето незадоволство со владините планови за недоброволно префрлување на вработените на други работни места и продолжување на работното време, на 17 мај, Грчката Федерација на професори на државни средни училишта ќе одржи 24-часовен штрајк.

Потоа ќе следат и серија штрајкови во наредната седмица.

Грчките медиуми пренесоа дека штрајкот на професорите ќе ги загрози матурските испити на средношколците.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.