Во Франција, втор случај на заразен од коронавирусот! СЗО се сомнева дека се пренесува од човек на човек!
Постои сериозен сомнеж дека новиот коронавирус, од кој во Саудиска Арабија и во Европа, досега умреа 18 луѓе може да се пренесува од човек на човек, соопшти Светската здравствена организација.
Француските лекари соопштија дека во земјата е потврден втор случај на заразен со коронавирусот кој наликува на САРС.
Според првичните информнации се работи за пренесување на вирусот од човек на човек што предизвика голема загриженост на експертите.
Новозаразениот човек престојувал во иста болничка соба со пациентот кај кого лекарите во Франција го открија вирусот, соопшти француското министерство за здравство. Сега двајцата се во изолација во болницата во Лилеј а лекарите на тестирање пратиле уште неколку пациенти кои биле во контакт со заразениот маж.
Првиот случај на заразен со вирусот во Франција беше откриен пред 5 дена.
65 годишен маж на северот на Франција беше хоспитализиран поради сериозни респираторни проблеми. Неговиот идентитет не е откриен туку само е соопштено дека бил примен во април откако се вратил од Арапските Емирати. Тој е изолиран на одделот за интензивна нега а неговата здравствена состојба е критична.
