Протест во Атина поради обид да се спречи штрајк!

Објавено на 14 мај, 2013 во 16:23

Грчките државни службеници  на еден ден ги напуштија работните места, протестирајќи поради владината одлука да го спречи штрајкот на наставниците  во петок, пренесе Телма.

Денеска на улица излегоа просветните работници, вработените во здравството и државната администрација. Тие се противат на наредбата на премиерот Самарас за цивилна  мобилизација , со која практично ќе се спречи нарушување на приемните испити на универзитетите, од 17 до 31 мај.

Веќе почна да им се врачува наредбата која ќе се однесува на 85 илјади наставници. По третпат годинава грчката коалициона влада предводена од конзервативците, применува мерка која вообичаено се спроведува за природни катастрофи или национална криза.

-Со оваа акција, ние како наставници ја осудуваме мерката на Владата насочена кон сите работници а особено кон наставниците. Веруваме дека со масовна акција и со солидарност ќе ги собориме таквите мерки, вели Теодорос Ајгерос, наставник.

Наставниците планираа  во петок да започнат шестдневен штрајк,  незадоволни се меѓу другото, од зголемувањето на фондот на часови и од реформите кои би довеле до губење на работните места.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.