Развиена вакцина против смртоносниот ротовирус!

Објавено на 15 мај, 2013 во 07:57

Индиските експерти обелоденија дека е развиена ефтина вакцина против опасниот ротовирус, предизвикувач на смртоносната дијареа, од која во Индија секоја година умираат 100.000 деца.

К.Виџарагаван од Одделот за биотехнологија, еден од учесниците во изработката на новата вакцина со име „ротавак“ потенцира дека таа е производ на меѓународна соработка и дека индиските здравствени власи дополнително треба да ја одобрат.

Според него, вакцината која е подготвена за производство се дава орално и чини еден долар за доза. За имунизација против дијареа се потребни три дози.

Вакцината ќе ја произведува индиската компанија „Barat bajotek farmasjutikalz“.

Ротавирусот се смета дека е одговорен за 884.000 случаи на болни во Индија, на годишно ниво, што земјата ја чинат 72 милиони долари.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.