Хрватска пред бран од штрајкови и опасност од целосна блокада!
За недела штрајк најавија вработените во загребските електрични трамваи. Тврдат дека една година Загребски холдинг навреме не им исплаќа плата и други материјални додатоци, предвидени со колективниот договор.
Затоа ако не успеат во преговорите на 19 мај ќе штрајкуваат, јавија хрватските медиуми.
Од вчера во Хрватска штрајкуваат пилотите и струјардесите на Кроација Ерлајнс. Бараат да им се исполнат правата од стариот колективен договор и се подготвени да штрајкуваат се до исполнување на нивните барања.
Денеска на плоштадот Марков трг во Загреб двочасовен предупредувачки штрајк одржаа синдикатот на машиновозачи како и синдикатот на железничарите на Хрватска.
Лидерите на 15 синдикати на јавните и државни служби најавија дека од 15 до 17 мај ќе спроведат референдум меѓу членството за подготвеноста за целосна блокада на државата ако Владата не ги исполни нивните барања, јави ХТВ.
Тоа се синдикатите на просветните и научни работници, на медицинските сестри во здравството, даночната управа – царината, државната управа – полицијата, војската, службите, Синдикатот на вработените во културата како и на заводот за пензиско осигурување. На тој начин ќе се обидат да ја натераат хрватската Влада да ја смени политиката или да отстапи.
