Судот во Франција ја запре постапката на пасивна еутаназија!

Објавено на 17 мај, 2013 во 07:08

Постапката која почна да се применува во еден случај во болницата во Ремс ја запре Управниот суд.

Лекарите од Универзитетскиот болнички центар во Ремс одлучија да остават да почине маж кој бил 4,5 години во кома, со одобрување од неговата сопруга. Но, неговите родители се спротивставија а Управниот суд на 11 мај, годинава застана на нивна страна.

Од кога му се случила несреќата на мотор пред 4,5 години, 37 годишниот Венсан Ламбер, е парализиран и се наоѓа во болницата во Ремс.

По долгиот период на вегетативна кома тој се наоѓа во некаква преодна состојба од август 2011 година.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.