Археолози пронајдоа изгубен град во Камбоџа!

Објавено на 16 јуни, 2013 во 08:57

Група храбри археолози во густата шума на Камбоџа открија град стар 1200 години, пренесе Дејли Мејл.

Градот е откриен во џугла, во подрачје на рудници.

Во откривањето на градот се користеше неверојатна технологија како и умешноста на поранешен војник на Црвените кмери.

Научниците сметаат дека откриениот град Махендрапарвата  е околу 350 години постар од славниот град Ангкор ват. Градот е оддалечен само 40 километри од најголемиот храм во Ангкор ват.

Археолозите веруваат дека го пронашле првиот град на империјата Ангкор од 802 година по Христос.

Тимот користеше ласерска Лидар технологија и хеликоптер.

Лидар технологијата користи пулсирачки ласерски сигнали кои овозможуваат видливост под тлото на земјата. Со оваа технологија археолозите открија цел урбан пејсаж со канали, патишта, пештери и структури што наликуваат на гробници./Н.Р

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.