Хрватски медиуми го згрешија претседателот на Македонија!

Објавено на 30 јуни, 2013 во 17:24

Некои хрватски медиуми, денеска, пристигнувањето на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на аердоромот во Загреб, за прославата по повод, влезот на Хрватска во Европската Унија го најавија како претседател на Бугарија.

Подоцна грешката беше исправена.

Шефот на државата, Иванов денеска и утре ќе престојува во Загреб, на свеченостите по повод приемот на Хрватска во Европската Унија.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.