Путин даде голема тревога!
Објавено: 15 јули, 2013, во 19:44 часот
160 илјади руски војници беа дел од проверката на безбедносната готовност, што ноќеска ненадејно ја наредил рускиот претседател Владимир Путин.
Во најголемата тревога по ерата на Советскиот сојуз, учествувале и околу илјада тенкови, 134 воени авиони и хеликоптери и 70 бродови, со цел да се утврди физичката и техничката способност на руската армија на далечниот исток на земјата и Трансбајкалската регија.
Телефонски, во еден часот по полноќ, претседателот Путин му се јавил на министерот за обрана, Сергеј Шојгу и му ја издал наредбата.
Руските медиуми јавија дека некои војници требало да поминат и по три илјади километри за да стигнат до зборното место.
Вакви ненајавени вежби и досега се одржувале во Русија, но никогаш во толку големи размери.
