Истополовите бракови легални во Британија!
Објавено: 17 јули, 2013, во 18:13 часот
Откако кралицата Елизабета Втора ја одобри пртаксата, Британија ги легализира истополовите бракови, јави Радио Слободна Европа.
Парламентот го изгласа законот, а кралското одобрение се смета за формалност.
Согласно новиот закон, геј двојките можат да склучат брак со цивилни и религиозни церемонии на територијата на Англија и Велс. Паровите кои претходно склучиле граѓанско партнерство ќе можат да ја официјализираат врската со брак.
