Петмина осудени за насукувањето на Коста Конкордија
Објавено: 20 јули, 2013, во 16:00 часот
Петмина луѓе, денеска, се осудени за повеќекратно убиство од небрижност и предизвикување на повреди поврзани со крузерот Коста Конкордија кој минатата година се преврте во близина на италијанскиот брег. Само двајца луѓе од вкупно петмината ќе одат во затвор откако судијата прифати договор со останатите, пренесе CNN.
Петмината осудени се првите обвинети во овој случај.
Триесет и двајца луѓе загинаа кога Коста Конкордија, луксузниот крузер со 3.200 патници и 1000 членови на посадата, удри во карпи во близина на италијанскиот остров Гиглио.
Беа повредени 150 патници од кои 65 потешко. Повредите предизвикаа делумна парализа, ампутирање на екстремитети и едно слепило.
Според договорот на судијата и обвинетите, Роберто Ферарини, менаџерот за итни случаи на Коста Конкордија е осуден на две години и 10 месеци затвор. Манрико Гиампедрони директор на хотелот на крузерот е осуден на две години и шест месеци затвор.
Чиро Амброзио одговорен што крузерот скршнал од курсот добил една година и 11 месеци а Силвиа Короника кој бил второ одговорен е осуден на 18 месеци. Кормиларот Русли Бин добил 20 месеци казна затвор. Тие тројца се осудени и за предизвикување на несреќата.
