Тензично и со инциденти на Парадата на гордоста во Будва

Објавено: 24 јули, 2013, во 12:42 часот

Повеќе стотици противници на геј поворката се собрале во близина на стариот град и фрлале камења, шишиња и јајца на приврзаниците на ЛГБТ заедницата. Извикувале и непристојни пароли. Парадата се одржува под силно полициско обезбедување.

За да ги растера напаѓачите, полицијата, фрлила димна бомба. Тие возвратиле со камења на полицајците по што уапсени се тројца граѓани

Поради инциденти, пред почетокот на парадата, скратена е маршутата по која се движи поворката.

Утрово низ градот имало некролози со името на претседателот на ЛГБТ Форумот Здравко Чимбаљавиќ.  Тој е организатор на геј поворката.

Властите во Подгорица го осудија овој настан со образложение дека Црна Гора има демократски капацитети за заштита на правата на сите свои граѓани.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.