Истрага за машиновозачот во Шпанија

Објавено: 25 јули, 2013, во 15:23 часот

Покрената е истрага за еден од машиновозачите на возот кој излета од шините во регионот Галициа.

Медиумите во Шпанија јавуваат дека машиновозачот потврдил дека возот се движел со брзина од 190 километри на час пред излетувањето.

Во железничката несреќа загинаа најмалку 78 лица а повеќе од 140 се повредени.

Вчерашната несреќа е најголема железничка несреќа во поновата историја на Европа.

Премиерот Мариано Рахој прогласи тридневна жалост низ целата земја.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.