Невреме во Хрватска и Словенија!

Објавено: 29 јули, 2013, во 18:44 часот

Невреме проследено со силен ветер кој корнеше стебла ги зафати Загреб и Истра како и други градови ви североисточна Хрватска.

Како што јавуваат тамошните медиуми,  трамвајскиот сообраќај се одвива со потешкотии, а поради оштетување на контактните мрежи на Плоштадот на банот Јосип Јелачиќ, сообраќајот е пренасочен.

И во главниот град на Словенија, Љубљана силниот ветер корнел дрвја, а чадорите и столиците од кафулињата летале насекаде.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.