Суботица: Мајка со секира го убила синот алкохоличар!
Објавено: 30 јули, 2013, во 09:14 часот
Шеесет и седум годишната Даница Тот Кираљ, од Суботица со секира го убила 42- годишниот син Сергеј, а потоа повикала полиција и ги почекала во нејзиниот дом, јавува српски Блиц.
Според неофицијалните информации, убиениот Сергеј Тот Кираљ многу пиел и психички ја малтретирал мајка му, па тоа би можело да биде мотив за ова злосторство.
– Бил многу пијан и околу пладне легнал да спие. Тогаш неговата мајка ја земала секирата и го удрила два пати во главата. Првиот удар бил директно во темето, а вториот покрај увото, велат од полицијата.
Во соседството велат дека ниту мајката ниту синот не биле конфликтни личности и дека секогаш сакале секому да му помогнат.
